Продолжуваат немирите на универзитетот во Солун: Полицијата заплени десетици молотови коктели

Полициски службеници во Солун во утрово пронашле 11 молотови коктели во близина на Универзитетот Аристотел во Солун, јави Катимерини.
Одземените предмети се испратени на вештачење и истрагата е во тек.
Ова следи по неколкудневните немири и препукувања на универзитетот, откако десетици вандали со чекани и други алати демонтираа неколку ѕидови во текот на викендот на градилиштето што беше подигнато на кампусот за да го трансформираат претходно окупираниот простор во библиотека.
ВИДЕО | Инцидент пред универзитет во Солун: Група маскирани луѓе се судрија со полицијата
Видео на денот