Продолжуваат консултациите меѓу власта и опозицијата за Законот за ЈО

Фото: Слободен печат/Д. Митрески

Во Собранието попладнево продолжуваат консултациите меѓу работните групи на власта и опозицијата за Законот за јавното обвинителство, со кој треба да се реши и судбината на СЈО.

Според заменик-министерот за правда Оливер Ристовски, главните разлики остануваат околу статусот на обвинителите од СЈО и нивните предмети кои не се во судска постапка.

– Застанавме минатиот пат на околу две до три точки кои се уште се спорни меѓу нас. Прекинавме за да направиме консултации дополнителни, како ние така и опозицијата. Мислам дека денеска ќе изгладиме дел од тоа, барем се надевам, изјави Ристовски за “360 степени”.

Во врска со „план Б” доколку преговорите не успеат, Ристовски кажа дека нема потреба од “план Б” и дека смета дека ќе се договорат.

Денеска во Собранието се одложи седницата на Законодавно-правната комисија, на која требаше да се расправа по Законот за јавно обвинителство, со европско знаменце по скратена постапка, во второ читање.

Неизвесно е кога законот ќе се најде и пред Комисијата за европски прашања, која во четвртокот усвои десет од вкупно 51 поднесен амандман по предлог законот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот