Продолжуваат активностите за уредување и санирање на кејот на Вардар

ЈП „Улици и патишта“

Екипи на ЈП „Улици и патишта“, по налог на Град Скопје деновиве интензивно вршат активности за санација на оштетените патеки на кејот, како и активности со рачното и машинско чистење на косините на реката Вардар.

– Продолжуваат активностите за санирање на пешачките и велосипедски патеки на кејот, изминатиов период санирана е оштетената површина на пешачката патека на потегот од мостот „Обединети Нации“ во долниот дел кон мостот кај хотел „Александар Палас“ на насипот на река Вардар, каде што беа и санирани и оштетени заштитни столбчиња. Санирана е патеката кај МАНУ и велосипедската патека под мостот „8-ми Септември“, како и голем дел од површината на велопатеката која е во насока од мостот Влајко во долниот дел од кејот кон амфитеатарот – велат од ЈП „Улици и патишта“.

Рачното и машинско чистење на нискостеблестата и погуста вегетација од косините и коритото на реката се одвивало на потегот од мостот „8-ми Септември“ кон Центар од двете страни, потоа екипите продолжиле од мостот кај МАНУ и рачно ја исчистиле обраснатата трева од косините од десната страна, а екипи со машинското чистење го поминаа потегот од хотел „Александар Палас“ до делот под булеварот Никола Карев.

Рачното чистење, велат од јавното претпријатие, е со тримери и со нив се коси обраснатата трева, а со машинското се собираат гранките и се отстранува наталожена земја и погуста вегетација од коритото на реката.

Исчистени се и скалилата на овој потег со обрасната трева, а моментално екипи ги чистат скалилата пред игралиштата за одбојка на кејот на река Вардар.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот