Продолжува вториот дијалог од процесот „Жан Моне“ во Собранието

Во Собранието на Република Северна Македонија и денеска продолжува вториот дијалог од процесот „Жан Моне”, со кој копретседаваат европратеникот и известувач за нашата земја Иво Вајгл и европратениците Едуард Кукан и Кнут Флекенштајн.

За исходот од вториот дијалог во рамки на процесот, како што соопштија од собраниската прес-служба, ќе информираат на заедничка прес-конференција денеска претседателот на Собранието, Џафери и тројцата европратеници, копретседавачи на дијалогот – Вајгл, Кукан и Флекенштајн.

Претседателот на Парламентот, Талат Џафери вчера одржа средба со европратениците, пред отворањето на дијалогот.

Првата средба во рамки на дијалогот „Жан Моне” претставниците на парламентарните партии во Собранието ја одржаа изминатата година во Охрид.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот