Продолжува војната помеѓу Балотели и Бреша, клубот никогаш не го тестирал на корона

EPA-EFE/FILIPPO VENEZIA

Италијанската јавност додека го чека продолжението на Серија А се забавува со сагата помеѓу Бреша и Марио Балотели.

Во последниот чин од нивната вербална војна е признанието на самиот фудбалер дека Бреша ниту еднаш не го тестирала на корона. Веста ја потврди и неговиот агент, Мино Рајола.

– Тие се однесуваат дискриминаторски кон Балотели. Марио ниту еднаш не е тестиран во Бреша, не му е земен ниту еден брис – изјави Рајола, а Балотели имаше краток одговор.
– Тоа е точно.

Поранешниот италијански репрезентативец во вторникот се обиде да дојде на тренинг но му беше дозволено да влезе во тренинг центарот.

Неколку дена претходно медиумите пренесоа дека тој добил отказ, но тоа беше демантирано од Рајола и самиот фудбалер.

Потоа и Бреша се „вадеше“ дека не му дале отказ на Балотели, туку тој морал да остане во карантин и немал право да доаѓа на тренинг.

Последниот чин од сапуницата е барањето на фудбалерот да му биде исплатена платата за март.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот