Продолжува судскиот процес за предметот „Рекет”

Случајот „Рекет”, во води Кривични совет предводен од судијката Васка Николовска-Масевска, односно обвинението го застапува шефицата на Обвинителството за борба против организираниот криминал и корупција, Вилма Рускоска.

Во Кривичниот суд во Скопје, денеска е закажано ново рочиште за случајот „Рекет”.  На последното рочиште за овој предмет беа презентирани докази од комуникацијата меѓу обвинетиот Бојан Јовановски – Боки 13 и други лица, каде меѓу другото се најде и комуникацијата што овој обвинет ја имал со поранешниот премиер Зоран Заев.

Исто така од страна на обвинителката Ирена Трајчевска, се презентира и слики каде што обвинетата Катица Јанева се гледа со снопче од 500 евра.

Случајот „Рекет”, во води Кривични совет предводен од судијката Васка Николовска-Масевска, односно обвинението го застапува шефицата на Обвинителството за борба против организираниот криминал и корупција, Вилма Рускоска.

Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција во октомври лани поднесе обвинение против Бојан Јовановски, Катица Јанева и Зоран Милевски.

Првообвинетиот Јовановски се сомничи дека сторил кривично дело „перење пари и други приноси од казниво дело”, а Јанева и Милевски за „примање награда за противзаконито влијание”. Второобвинетата Јанева се товари и дека сторила и кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување”.

На првото рочиште за „Рекет”, што се одржа на 3 декември, третообвинетиот Зоран Милевски-Кичеец призна вина, по што беше осуден на три години затвор.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот