Продолжува судењето за случајот „Титаник“

Судењето за изборни нерегуларности „Титаник” на Специјалното јавно обвинителство продолжува денеска во Основниот кривичен суд Скопје.

Ова е второ рочиште за „Титаник” неделава по едномесечната судска ферија.

Предметот го води судијата Осман Шабани и се наоѓа во доказна постапка. Досега се изведени околу 4.700 од над 5.900 предложени материјални докази од СЈО.

Застапник на обвинението е Лиле Стефанова, која вчера беше повикана на ОЈО да даде исказ за случаите „Империја” и „Рекет”, а по објавените снимки и разговори од италијанскиот весник „Ла Верита”.

Одбраната, на почетокот на рочиштето во понеделникот, побара одложување поради новонастанатата ситуација и оставката на СЈО Катица Јанева, но судијата Шабани, рече дека се исполнети сите услови за одржување на денешното рочиште.

Прочитајте и...  Скопјанец осомничен за полов напад врз 12-годишно девојче

Обвинетиот Едмонд Темелко, пак, го извести судот дека на 14, 15 и 16 август ќе биде на лекување во Корча и нема да може да присуствува на следното рочиште. Судијата Шабани, посочи дека, за тоа мора да го извести судот со писмен поднесок.

Освен поранешниот премиер Никола Груевски кој е во бегство, во „Титаник” обвинети се и Кирил Божиновски, Миле Јанакиески, Гордана Јанкулоска, Билјана Бришкоска Бошковски, Илија Димовски, Мунир Пепиќ, Едмонд Темелко, Леко Ристоски, Кирил Тодоровски, Катерина Веловска, Станко Коруновски, Коста Марковски, Драгче Драгчески, Марјан Накевски, Гоце Јаневски, Џезми Ахмет, Роберт Давитков, Далибор Алешковиќ и Ленка Рашјаковска.

Тие се осомничени за злосторничко здружување, повреда на избирачкото право, повреда на слободата на определување на избирачите, поткуп при избори и гласање, уништување изборен материјал и злоупотреба на средства за финансирање изборна кампања.

Прочитајте и...  Завршни зборови за „Транспортер" на 2 март

Прочитај повеќе

Скопјанец осомничен за полов напад врз 12-годишно девојче

Слободен печат

ОЈО Скопје поднесе Обвинителен предлог против албански државјани за тешка кражба

Слободен печат

Од сообраќај исклучени пијан возач, двајца без дозвола и едно нерегистрирано возило

Слободен печат

Жител на Арачиново осомничен за неовластена продажба на марихуана

Слободен печат

Косовски државјанин обвинет за внесување на дрога во затворот Идризово

Слободен печат

Уапсен жител на Дебар кој се обидел да силува сограѓанка

Слободен печат

Остави Коментар

Прочитај повеќе

Нова жртва од експлозијата во Романовце

Слободен печат

Пронајдени 43 мигранти во близина на Сопот

Слободен печат

Полицијата пронајде марихуана кај четири лица

Слободен печат

Пожар на клиниката за Инфектологија

Слободен печат

Драма во Кисела Вода: Скопјанец со нож ја нападнал мајка му, па ја запалил

Слободен печат

Пронајдени 47 мигранти во „Фиат Дукато“, возачот побегнал

Слободен печат