Продолжува судењето за предметот „Талир”

Фото: МИА

Во Кривичниот суд Скопје денеска треба да продолжи судењето за предметот „Талир”, кој се однесува на незаконско финансирање на партијата ВМРО-ДПМНЕ.

Претходното рочиште на 5 ноември беше одложено поради неприсуство на пратеникот Илија Димовски. Судијата Осман Шабани, тогаш кажа дека Димовски не го известил судот зошто нема да присуствува. Тоа го оцени како непочитување на судот и најави дека тоа веќе нема да го дозволува.

На денешното рочиште треба да почне образложувањето на предложените листи со докази.

Застапник на обвинението е обвинителката Ленче Ристевска.

Првото рочиште за случајот Талир се одржа на 18 февруари годинава. Во случајот обвинети се Никола Груевски, Кирил Божиновски и Миле Јанакиески кои се товарат за „злоупотреба на службената положба и овластувања” и „перење пари”, како и Илија Димовски, Леко Ристоски и Елизабета Чингаровска обвинети само за делото „перење пари”.

Според обвинението, тие незаконски добиле најмалку 4,6 милиони евра за партијата, а потоа  организирале тие пари да бидат уплатени на жиро-сметката на партијата преку уплатници на име на разни лица.

За истото дело, како правен субјект со обвинението опфатена е и ВМРО-ДПМНЕ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот