Продолжува судењето за „Монструм“

Во Кривичниот суд во Скопје денеска треба да продолжи судењето за случајот „Монструм“. На последното рочиште за петкратното убиство кај Смилковско Езеро, во април 2012 година, сведочеше поранешниот премиер Зоран Заев.

Заев пред судот рече дека неколкупати се сретнал со роднини на убиените момчиња, кои сакале да добијат повеќе информации од „бомбите”.

На една од средбите, некои од родителите изразиле сомневање дека правосудниот систем крие од нив информации и докази. Тој им ги презентирал аудиоматеријали што ги побарале, без да им даде копија. Свое сведочење по однос на „бомбите” имаше и свиркачот Звонко Костовски.

Обвинението за овој предмет го застапуваат обвинителите Фатиме Фетаи и Гаврил Бубевски, додека судењето го водат судиите Огнен Ставрев и Осман Шабани.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот