Продолжува соработката со волонтерите на Црвен Крст – помош за пронаоѓање на соодветната клиника

Во времетраење од 3 до 4 часа, во утринскиот период волонтерите од Црвениот Крст и натаму им служат на граѓаните при пронаоѓање на соодветната потребна локација во комплексот клиники “Мајка Тереза”, како дел од проектот „Водач во болница”, информираат од Министерството за здравво.

-Овој проект започна со функционирање во октомври 2019 година, а имаше пауза со прекинот/стагнацијата во работата на Мој Термин, по што од 15.09.2020 повторно започнува со работа на шест локации. Поставени се локатори на 6 места и тоа на УК за Радиологија, УК за Гинекологија и акушерство, УК за хируршки болести/Ургентно, УК за Кардиологија, УК за детски болести – Скопје и УК за интерни болести, кадешто вкупно 9 лица се достапни за информирање на граѓаните. Во изминатиот период овој проект се покажа како успешен со оглед на тоа што во целокупното функционирање, волонтерите им помогнале со упатување на вкупно 20 000 граѓани- се вели во соопштението од Министерството.

Во текот на обуките кои беа спроведени, волонтерите добија знаења и вештини за тоа како да го олеснат пристапот на сите лица кои имаат потреба од помош и поддршка во наоѓање на универзитетските клиники (физичко лоцирање), административни процедури за пациентите, како и водење на лицата кои имаат потреба од дополнителна помош во интерните одделенија (шалтери, соби за преглед, термини за прием, одговорен лекар итн).

-Во рамки на проектот се изработени и брошури за прва психолошка помош на македонски, албански и ромски јазик. Со сите овие активности, презентираме еден начин за поддршка и подобрување на моделот на здравствена заштита во Република Северна Македонија со кој се олеснува пристапот до болничките услуги- стои во соопштението.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот