Продолжува собраниската расправа за Предлог-буџетот за 2021 година, поднесени 500 амандмани

Та
Талат Џафери/ Фото: МИА

Собраниската Комисија за финансирање и буџет денеска ќе продолжи со расправата по Предлог-буџетот за 2021 година. Седницата е најавена во 11 часот.

Собраниската расправа по предложениот буџет за следната година почна минатата недела. Министерот за финансии Фатмир Бесими пред пратениците образложи дека Предлог-буџетот има три основни цели – зајакнување на системот на здравствена заштита, поддршка за економска стабилизација, како и непречено финансирање на основните функции на државата и поддршка за реформите во правосудството и евроатланските интеграции.

„Здравје” е клучен збор за Предлог-буџетот за 2021 година, рече Бесими, додавајќи дека најважно и најприоритетно е  здравјето на граѓаните, здравата економија и здравите финансии.

За опозицијата, предложениот буџет е нереален и строго партиски и со него нема да се поддржат реалниот сектор и граѓаните, додека за пратениците од власта буџетот е континуитет на одговорните и домаќински политики на Владата предводена од СДСМ.

Согласно Деловникот за работа на Собранието, расправата за Предлог-буџетот трае 10 дена. На владиниот Предлог-буџет поднесени се околу 500 амандмани од кои најголем дел од ВМРО-ДПМНЕ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот