Продолжува серијалот „Корона дијалози“ за влијанието на пандемијата врз секојдневниот живот

Фото: МИА

На четвртата тема на денешните Корона дијалози ќе говорат д-р Мирјана Лазаревска Трајковска врховен судија на РСМ, проф. д-р Цане Мојаноски, проф. д-р Никола Дујовски, проф. д-р Марјан Ѓуровски од Факултетот за безбедност-Скопје, проф.д-р Горан Илиќ проф. д-р Елена Тиловска Кечеџи и проф. д-р Мирјана Ристовска од Правниот факултет во Битола.

На тема „Влијанието на новите политички и правни предизвици од пандемијата” денеска ќе продолжи серијалот Корона дијалози кои опфаќаат повеќе онлајн дискусии за влијанието на пандемијата врз општественото живеење и секојдневните текови.

Фокус во дискусијата, информира проректорот на УКЛО проф. д-р Марјан Ѓуровски професор на Факултетот за безбедност-Скопје, ќе биде ставен и на човековите права и слободи, влијанието на меѓународните организации, но и состојбата во земјата и оддржувањето на вонредни парламентарни избори.

На четвртата тема на денешните Корона дијалози ќе говорат д-р Мирјана Лазаревска Трајковска врховен судија на РСМ, проф. д-р Цане Мојаноски, проф. д-р Никола Дујовски, проф. д-р Марјан Ѓуровски од Факултетот за безбедност-Скопје, проф.д-р Горан Илиќ проф. д-р Елена Тиловска Кечеџи и проф. д-р Мирјана Ристовска од Правниот факултет во Битола.

– Во функција на новонастаната ситуација и оддржување на духот и мотивот кај студентите и професорите на Универзитетите, се оддржува серијалот на активности во овој период со кој непосредно се остварува влијание во справувањето со новите предизвици и креирањето на јавните политики чија промена е нужна, но и за правните обврски и последници од нивната примена по завршување на вонредната состојба, смета иницијаторот и модератор на овие дијалози проректорот на УКЛО проф. д-р Марјан Ѓуровски професор на Факултетот за безбедност-Скопје.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот