Продолжува протестот на тетовци против поскапувањето на струјата

 Иницијативата наречена „Доста е” од Тетово денеска организираше протестен марш низ градските улици како протест поради зголемување на цената на електричната енергија.

Граѓаните кои се одзваа на повикот на иницијативата се собраа на градскиот плоштад во 14 часот, па потоа маршираа се до кружниот тек на булеварите „Маршал Тито” и „Видео Смилевски-Бато” кај Монопол и се вратија назад.

– Ќе има протести се додека не се реализираат нашите барања. Имавме протестен марш, дефиле со коли, блокади на сообраќај. Се потвдрува она што мислиме и обвинуваме дека овде има големо крадење и голем криминал и затоа не се реагира на нашите барања од компаниите и институциите, има темни и црни интереси, затоа не се реагира. Имавме јаавно барање до сите парламентарни групи, тие се од овој народ изезени и треба да го слушаат овој народ. Се сретнавме со Алијанса и со ДУИ, од СДС ни откажаа, не не дадоа причина. Начелно даваат поддршка ни бараат време како да се имплементираат нашите барања, изјави денес Кренар Османи, претставник на иницијативата.

Јавните протести во Тетово се одвиваат секоја недела од 6-ти август. Граѓаните бараат пониска цена на струјата за 46 отсто, укинување на регулаторната комисија, да се намали ДДВ од 18 на 5 отсто и да се формира независен арбитрарен орган кој ќе верификува квалитет на услуги и ќе ги адресира поплаките на граѓаните од енергетските компании, велат од иницијативата

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот