Продолжува проклетството на Кендиеви: Пронајдено телото на внуката на Кенеди, се трага по нејзиниот 8-годишен син (ВИДЕО)

Фото: Profimedia

Нејзиниот дедо, Роберт Франсис Кенеди, беше политичар и правник, брат на поранешниот американски претседател Џон Ф. Кенеди, за време на чиј мандат беше министер за правда. Како и братот Џон, и Роберт и убиен во атентат.

Полицијата го пронајде телото на внуката на покојниот Роберт Ф. Кенеди, Мејв Кенеди Таунсенд Мекин (40), а сѐ уште се трага по нејзиниот осумгодишен син.

Тие исчезнаа во петокот откако отпловија во заливот Чесапик со кану. Близу местото каде што е пронајдено нејзиното тело, полицијата го забележа и кануто.

Телото е пронајдено по повеќе од 26 часа потрага на длабочина од околу 8 метри, околу 4 километри јужно од куќата на мајката во Шејди Сајд во Мериленд, од каде тргнале со кануто.

По детето сѐ уште се трага.

Фото: Profimedia

Њујорк пост пренесува дека Мејв и нејзиниот син играле топка која потоа паднала во вода па тргнале со кануто по неа. Отишле предалеку и не можеле да се вратат, рече сопругот на Мејв, Дејвид Мекин.

Мејв работела како советничка во администрацијата на поранешниот претседател на САД Барак Обама и тоа за глобалната програма против Сида и волонтирала за мировните сили во Мозамбик. Имала 40 години.

Нејзиниот дедо, Роберт Франсис Кенеди, беше политичар и правник, брат на поранешниот американски претседател Џон Ф. Кенеди, за време на чиј мандат беше министер за правда. Како и братот Џон, и Роберт и убиен во атентат.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот