Продолжува пренасочувањето на возилата на ГП „Делчево“ кои доаѓаат од критичните подрачја

Фото: МИА

Продолжува пренасочувањето на возилата кои од кризните подрачја зафатени со коронавирус бараат влез во државата на граничниот премин „Делчево“. Ова го потврди командирот на полициската станица Делчево, Стојан Димитровски кој на советничко прашање за тоа што се случува со возилата кои пристигнуваат од Италија на ГП „Делчево”, истакна дека истите се пренасочуваат кон останатите гранични премини, освен Ново Село, каде се врши проверка на патниците, согласно препораките на Владата и Министерството за здравство.

– Сите возила кои пристигнуваат на ГП „Делчево” се упатуваат кон Деве Баир, Ќафасан и Богородица, ниту автобуси ниту автомобили, ниту лица кои доаѓаат од критичните места. Доколку се врати во државата граѓанин на Делчево преку друг граничен премин, од таму ни испраќаат податоци и постапуваме согласно предвидените упатства за понатамошен третман за таквите пациенти, рече Димитровски.

Додаде дека во моментот, граѓани со посебен режим на надгледување се уште нема и се надева дека така ќе биде и понатаму.

– Доколку сепак пристигне жител на Делчево од погодено подрачје од коронавирус, се известува Министерството за здравство, добиваме список за постапките кои треба да ги направиме, со контрола за самоизолација на таквото лице. Имаме инструкции доколку лицето дојде во градот, постојано да се надгледува, исто како да се наоѓа во домашен простор, но досега повторувам, немаме таков случај, рече Димитровски.

Претходно од Општината апелираа сите лица кои биле надвор од територијата на земјава и на граѓаните кои се сомневаат дека имаат симптоми на коронавирус, да се јават на телефонските броеви – Ало докторе 02 15 123 и Центар за јавно здравје Кочани 071 373 913.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот