Продолжува контроверзноста за наградите „Греми“: Дрејк ги повлече номинациите

Фото: Профимедиа

Канадскиот музичар Дрејк ги повлече двете номинации во категоријата Греми оваа година, пишува „Варијети“. Пејачот беше номиниран за најдобар рап-албум за „Certified Lover Boy“ и за најдобра рап-изведба за песната „Way 2 Sexy“.

По неговото повлекување, гласањето за најдобрите музички достигнувања ќе продолжи само со четворица кандидати, веројатно затоа што гласачките ливчиња веќе се испратени до членовите на Академијата.

Потсетуваме дека организаторите на наградите „Греми“ на почетокот на годинава ги укинаа контроверзните тајни одбори за гласање по бројните обвинувања за расизам, лажирање на резултатите и фаворизирање.

Следејќи го сето наведено, Дрејк имал долго и често контроверзен однос со организаторите на наградата. Пред една година, тој рече дека тие треба да бидат заменети со „нешто ново што можеме да го изградиме со текот на времето и да го пренесеме на генерациите што доаѓаат“, откако организаторите на наградата не го номинираа пејачот Д Викенд во ниту една од категориите во 2021 година, и покрај тоа што имаше еден од најдобрите албуми и синглови 2020 година.

„Мислам дека треба да престанеме да си дозволуваме секоја година да се шокираме од неповрзаноста помеѓу впечатливата музика и овие награди и едноставно да прифатиме дека она што некогаш беше највисоката форма на признание можеби повеќе не е важно за уметникот којшто постои сега и за оние што доаѓаат потоа“, напишал Дрејк на својот профил на Инстаграм.

Исто така, во 2017 година, Дрејк одбил да го пријави својот албум „More Life“ за која било Греми награда за 2018 година, а огорченоста поради доделувањето на наградите таа година се интензивирала следната година откако Џеј Зи не освоил ниту една награда и покрај тоа што бил номиниран за осум.

„Ние играме спорт заснован на мислење, а не спорт заснован на факти“, рекол тој во текот на преземањето на наградата за „God’s Plan“.

– Веќе сте победиле ако имате луѓе кои ги пејат вашите песни од збор до збор, ако ги пејат во вашиот роден град. Веќе победувате, не ви треба ова овде – рекол Дрејк.

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот