Продолжува хаосот во Челси, фудбалерите бараат казна за Лукаку

Ромелу Лукаку му се извини и на тренерот Томас Тухел поради контроверзното интервју/ фото: EPA-EFE/FACUNDO ARRIZABALAGA

Белгискиот репрезентативец Ромелу Лукаку предизвика фудбалски земјотрес во Челси со зборовите дека не се чувствува најдобро на „Стемфорд бриџ“ и притоа ги критикуваше менаџерот Томас Тухел и неговиот систем, со што го навлече гневот на соиграчите.

Поради интервјуто кое го даде за „Скај Италија“, Тухел го отстрани Лукаку од тимот за вчерашниот натпревар со Ливерпул (2:2), па за денеска е најавен итен состанок на управата и со фудбалерот и со тренерот по што ќе биде одлучено каква ќе биде судбината на најскапото засилување во историјата на Челси.

Менаџерот Томас Тухел веќе доби голема поддршка од соблекувалната, најголем дел од фудбалерите кои минатата сезона триумфираа во Лигата на шампионите, застаа зад својот тренер и сметаат дека Лукаку никако не смеел да дава интервјуа без дозвола на клубот и поради тоа бараат да биде казнет.

Интересно е што Тухел пред да го исфрли Лукаку од тимот за дуелот со Ливерпул, побарал мислење од неколку фудбалери, Канте, Аспиликуета, Жоржињо и Ридигер кои се согласиле дека Белгиецот треба да биде казнет.

Видео на денот