Продолжува гласањето за Европски парламент: Денеска гласаат граѓаните на Латвија, Малта и Словачка

Фото: Избори за Европски парламент во Белгија / EPA-EFE/OLIVIER HOSLET

Денеска граѓаните на Латвија, Малта и Словачка ќе имаат право да ласаат на изборите за Европскиот парламент.

На тој начин приклучувајќи се на гласачите од Велика Британија, Холандија, Ирска и Чешка, кои веќе го сторија тоа во претходните два дена.

Од четврток до недела, речиси 418 милиони луѓе низ Европската унија можат да гласаат на едни од најголемите демократски избори во светот.

По изборите, започнува нов политички циклус во ЕУ, кој вклучува промена луѓе во најважните европски институции. Одѕивот на изборите во ЕУ е обично мал.

Во недела ќе гласаат граѓаните на другите земји на ЕУ, вклучувајќи ги и Хрватите кои избираат 11 пратеници.

Во Словачка се ибираат 13 членови на Европскиот парламент од 751 члена, во Латвија – осум и шест претставници на Малта.

На минатите избори за Европскиот парламент во Словачка, одзивот беше најмал во ЕУ. Во 2009 година гласаа 19,6 отсто од гласачите, додека во 2004 година само 17 отсто.

Од Латвија во ЕП испраќаат осум пратеници, а според анкетите тоа ќе бидат членови на шест партии. Во Малта, изборите ќе одлучуваат помеѓу две традиционално доминантни партии, Лабуристичката партија и националистите (ЕПП). Според анкетите, секој ќе добие три претставници.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот