Продолжува двоцифрениот пад на малопродажбата во Јапонија и во мај

Фото ЕПА

Трговијата на мало бележи пад од 12,3 отсто во мај на годишно ниво откако претходно беше забележан пад во потрошувачката на граѓаните на поголеми ставки, како купувањето автомобили но и намалената продажба на гардероба.

Продажбата и трговијата на мало во Јапонија падна на двоцифрена стапка во мај, втор месец по ред.

Причина за ваквиот пад се мерките за затворање на економијата со цел спречување на ширењето на корона вирусот.

Ваквиот тек на случувањата тешко ја погодија довербата на потрошувачите како и нивните очекувања за брзо економски опоравување.

Трговијата на мало бележи пад од 12,3 отсто во мај на годишно ниво откако претходно беше забележан пад во потрошувачката на граѓаните на поголеми ставки, како купувањето автомобили но и намалената продажба на гардероба.

Ваквите податоци денеска ги објави јапонското министерство за трговија, а ги пренесува „Ројтерс“.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот