Продолжува доминацијата на Баерн, осма титула по ред во Бундеслигата (ВИДЕО)

EPA-EFE/Stuart Franklin

Тимот од Минхен уште еднаш покажа дека нема конкуренција во Германија.

По триумфот на Борусија Дортмунд во 2012 година, оттогаш па досега ниту еден тим не успеа да ја прекине доминацијата на Баерн Минхен.


Така е и оваа сезона, баварците и покрај слабиот старт на сезоната кој донесе отказ на тренерот Нико Ковач, успеа да го потврди епитетот на најдобар тим во Германија.

Голема заслуга за тоа има тренерот Ханси Флик кој го прероди тимот и на две кола до крајот на сезоната му донесе нов 30. шампионски трофеј во Бундеслигата.


Победата вредна титула на гостувањето во Бремен кај Вердер ја обезбеди Роберт Левандовски со голот во 43. минута. Тимот на Вердер имаше шанса да дојде до израмнување на резултатот во 90. минута но голманот Мануел Ноер не дозволи изненадување.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот