Продолжува делумниот бојкот на наставата, родителите повикуваат на протест пред секое училиштe

Скопје, 28 април 2021 - Фото: Слободен Печат. / Михаило Донев

Бојкот на наставата и денеска продолжи во некои училишта ширум земјава и покрај тоа што е договорена работна средба помеѓу претставник на МОН и воспитувачката Драгана Спасевска, која е претставник на Фејсбук групата родители против дигитализација на наставата.

– Моите две деца и денеска не се на настава, но за жал часовите си течат, а оние кои не се на настава си добиваат неоправдани изостаноци – вели Сашко Јорданов за „Слободен печат“, родител на основец од Струмица.

Иако состојбата со бојкотот е слична како вчера, родителите денеска повикуваат на бојкот пред секое училиште во секој град во земјава, а веќе има и конкретен повик за собир на родители на плоштадот во Велес.

Договорена работна средба меѓу родителите и МОН за законот за учебници

„Колку не има од Велес и Велешко утре во 18 часот сите на плоштад да се поддржиме, за децата се работи“, стои во повикот на една родителка во групата „Учебници и настава мора да има“, а со неа се согласуваат и повеќе родители.

– Ние веќе собираме потписи во Велес против дигитализацијата. Се надевам дека ќе излеземе и на протест – вели Мирко Петров, родител на ученик од ОУ „Васил Главинов“ од Велес.

Останува да се види како ќе помине средбата со МОН, по која ќе се знае дали родителите и официјално ќе излезат на протест пред министерството или сепак ќе се најде заеднички компромис.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот