Продолжува 79. седница во Собранието

Седница на собранието на РСМ/Фото: МИА

Во Собранието денеска треба да продолжи 79-та седница на чиј дневен ред се неколку ратификации на меѓудржавни договори, предлог закони и одлуки, како и годишни извештаи на институции.

Пратениците треба да ги ратификуваат договорите меѓу Северна Македонија и Косово за партнерство за програмата ИПА и за статусот на припадниците на Армијата на РСМ и косовските безбедносните сили за време на нивното привремено стационирање на териториите на двете држави. За ратификација е и спогодбата меѓу владите на Северна Македонија и на Република Србија за основање Културно -информативни центри во Белград и во Скопје.

На дневен ред се и дополнетиот Предлог закон за граѓанска одговорност за навреда и клевета, Предлог законот за гаранција на Република Северна Македонија на обврските по Договорот за заем за финансирање на Проектот за поддршка на ликвидноста на АД ЕСМ–Скопје во услови на енергетска криза, кој ќе се склучи меѓу Европската банка за обнова и развој и Акционерското друштво за производство на електрична енергија Електрани на Северна Македонија, по скратена постапка.

Неразгледани точки на оваа седница се и Предлог Кодекс за престанување на важење на Кодексот за етичко однесување на пратениците во Собранието и предлог законите за финансиската инспекција во јавниот сектор, за изменување и дополнување на Законот за гранична контрола и за изменување и дополнување на Законот за семејство.

Има и повеќе барања за давање автентично толкување на членови од закони.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот