Продолжија тензиите во Будва: Граѓаните тргнаа кон полициската станица, па се вратија пред општината на повик на свештениците (ВИДЕО)

Фото: Screenshot/YouTube

Присутните извикуваат „фрлете ги штитовите“, „стана Црна Гора, светиите мора да се бранат“, „Мило крадецу“ и „усташи“.

Во Будва вечерва околу 18.30 часот повторно дојде до пораст на тензиите. Граѓаните тргнаа кон полициската станица, но специјалнта полициска единица повторно излезе. Меѓутоа, тие на повик на свештеникот Мијајло Бацковиќ, се вратија назад пред зградата на Општина Будва.

Насобраните чекаа синот на градоначалникот Марко Царевиќ од полициската станица да биде одведен во Обвинителството во Котор.

Меѓу насобраните се и градоначалникот Марко Царевиќ и претседателот на локалниот парламент Крсто Радовиќ, кои претходно попладнево се пуштени на слобода откако беа брутално уапсени утринава, објавија Вијести.

Присутните извикуваат „фрлете ги штитовите“, „стана Црна Гора, светиите мора да се бранат“, „Мило крадецу“ и „усташи“.

Бацковиќ ги повика насобраните да се повлечат, зошто во станицата повеќе не е Милан Царевиќ, синот на Марко Царевиќ, и дека сега е проблем со „узурпацијата на општината“.


– Имаме иста цел, мораме да останеме овде којзнае колку време. Вечерва ништо не се решава, рече меѓудругото Бацковиќ.

Во моментов граѓаните се уште протестираат:

ХАОС ВО БУДВА: Полицијата го уапси градоначалникот, тепачки меѓу граѓаните и специјалците (ВИДЕО)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот