Продолжија протестите во Лондон по смртта на Џорџ Флојд

Некои скандираа против американскиот претседател Доналд Трамп и британскиот премиер Борис Џонсон.

Илјадници луѓе повторно се собраа денеска  во центарот на Лондон во знак на протест против смртта на Џорџ Флојд во Минеаполис, Минесота.

Локалните медиуми известуваат дека демонстрантите, од кои многумина носеле маски, извикувале „Нема правда, нема мир” и „Животите на црнците се важни”.

Некои носеа транспаренти на кои пишува: „Велика Британија не е невина – да се биде помалку расист сè уште е расист” и „Расизмот е глобално прашање”.

Некои скандираа против американскиот претседател Доналд Трамп и британскиот премиер Борис Џонсон.

Афроамериканецот Џорџ Флојд почина за време на бруталното апсење од страна на четворица полицајци во Минеаполис, што предизвика протести низ САД и пошироко.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот