Продолжи изградбата на „Северен поток 2“

Фото: EPA-EFE/CLEMENS BILAN

Бродот „Фортуна” започна со работа за продолжување на изградбата на гасоводот „Северен поток 2˝” во водите на Данска, соопшти операторот на проектот.

Операторот додаде дека работите се изведуваат во согласност со добиените одобренија.

Бродот се наоѓа јужно од островот Борнхолм од 22 јануари.

Проектот „Северен поток 2″ вклучува изградба на два крака на гасовод со вкупен капацитет од 55 милијарди кубни метри гас годишно, од брегот на Русија, преку Балтичкото Море, до Германија.

Бројни европски компании учествуваат во изградбата на гасоводот.

На 19 јануари, САД воведоа санкции за бродот „Фортуна”, кој учествува во изградбата на гасоводот, како и за сопственикот на бродот, компанијата КВТ-РУС.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот