Продолжениот викенд ги исполни капацитетите во Дојран

Фото: Википедиа

За продолжениот првомајски викенд, покрај локалните жители, во Дојран ќе престојуваат околу 3.000 сопственици на викендици и нивни гости кои во одморалиштето пристигнаа уште вчера попладне и во текот на претпладневните часови денеска, изјави за МИА дојранскиот градоначалник Анго Ангов.

Според негова проценка, околу 75 до 80 отсто од викендиците во Дојран имаат гости кои овој пат за разлика од претходниот Велигденски викенд ги почитувале препораките да седат во дворовите и да одржуваат социјална дистанца од причина што токму миграцијата од место во место е една од опасностите за ширење на корона вирусот.

Тој нагласи дека за разлика од Велигден денеска од страна на гостите се почитува забраната за употреба на рекреативната патека покрај езерото како и за употреба на детските игралишта.

-Чувството на одговорност кај гостите, за своето и здравјето на другите денеска е на многу повисоко ниво и апелирам до нив достоинствено за време на престојот во Дојран да ги почитуваат мерките за заштита од инфецирање со Ковид-19 и празничните денови да ги минат во кргот на своите најблиски, рече Ангов

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот