Продолжението на „Сексот и градот“, излезе разочарувачко за гледачите: Oва е навистина лошо!

And Just Like That
BACKGRID / Backgrid UK / Profimedia

Серијата „And Just Like That“, која е продолжение на „Сексот и градот“, на официјалната страна за рангирање филмови IMDB, веќе ги доби своите први оценки.

Но, очигледно е дека гледачите не се нешто воодушевени од серијата. Генералната оцена е 5,6, додека 20% од гледачите дадоа чиста единица.

За споредба, „Сексот и градот“ доби оцена 7,2, а ја гледаа преку 120 милиони луѓе. Според генералната критика, продолжението има тенденција да биде полошо и од вториот дел од филмот.

Билборд And Just Like That
Guerin Charles/ABACA / Abaca Press / Profimedia

Утре на HBO излегува четвртата епизода од серијата, а гледачите губат надеж дека ова ќе ја поправи… Комeнтарите се бездруго, полни со критика упатени кон сценариото:

„Серијата е премногу отворена. Убаво е да се вклучат темите како пол и раса, но овде тоа е претерано. Исто така, начинот на кој е тргната Саманта од сценариото, е одвратен“

„Мислам дека никогаш немам видено ТВ серија која се труди да биде модерна и да покрие секаква тема на популарен начин, преку три жени што дрдорат на тие теми мислејќи дека се духовити. А не се – вели една разочарана гледачка.

„Филмовите беа непотребни, а и ова е доста морбидно“.

Дури и од Empire Magazine не останаа покуси со коментар. Имено, Тери Вајт напиша:

„Без силна карактеризација и уверливост на ликовите, ова е бизарен обид да се вовлечат жените од „Сексот и градот“ во 2021“.

„And Just Like That“ ја имаше својата премиера: Сара Џесика Паркер блесна, серијата доби одлични критики и дознавме: каде ја снема Саманта?

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот