Продолжен рокот за тендерот за отстранување на линданот од ОХИС – Слободен печат
ВестиСкопје

Продолжен рокот за тендерот за отстранување на линданот од ОХИС

По пристигнувањето на понудите, ќе биде формирана комисија од страна на УНИДО, составена од меѓународни и национални експерти, која ќе ја избере најдобрата понуда, а по што ќе следат активности за започнување со работа на терен со обезбедување потребна документација и на просторот и превентивни мерки за заштита на околината и со конечно започнување со чистењето.

Меѓународниот тендер објавен на 15 минатиот месец за избор на технологија за отстранување на HCH отпад (линдан и неговите изомери) од кругот на фабриката ОХИС во Скопје, кој требаше да биде затворен на 11 овој месец, е продолжен до 16 декември годинава.

– На барање на потенцијалните понудувачи, Организацијата на ОН за индустриски развој (УНИДО) го продолжи рокот за доставување на понуди до 16 декември со оглед на тоа да во рамките на првобитно назначениот период од 25 дена потенцијалните понудувачи не беа во можност да одговорат на барањата од проектната задача, како во поглед на презентирање на техничките специфики на предложената технологија за ремедијација, така и во поглед на изработка и доставување на соодветните планови поврзани со безбедното работење, митигација и справување со ризиците во текот на ремедијацијата, како и мониторингот на медиумите на животната средина, информира Канцеларијата за перзистентни органски загадувачи (ПОПс) при Министерството за животна средина и просотрно планирање.

Од Канцеларијата информираат дека по пристигнувањето на понудите, ќе биде формирана комисија од страна на УНИДО, составена од меѓународни и национални експерти, која ќе ја избере најдобрата понуда, а по што ќе следат активности за започнување со работа на терен со обезбедување потребна документација и на просторот и превентивни мерки за заштита на околината и со конечно започнување со чистењето.

Како што соопшти Македонското еколошко друштво (МЕД) отстранувањето на HCH отпадот од кругот на фабриката ОХИС е процес којшто е воден од страна на УНИДО, агенција одговорна за спроведување на проектот „Отстранување на техничките и економските бариери за започнување на ремедијацијата на локациите контаминирани со α-HCH, β-HCH и линдан во ОХИС”, во соработка со Канцеларијата за перзистентни органски загадувачи при Министерството за животна средина и просторно планирање. Проектот е финансиран од Глобалниот еколошки фонд (GEF) со национална контрибуција од страна на Владата на Република Северна Македонија.

Со чистењето на локациите контаминирани со HCH и со другите придружни загадувачи, ќе се намали и/или елиминира емисијата на овие загадувачи во околината. Исто така, ремедијацијата на контаминираните локации во ОХИС ќе овозможи услови за ревитализација на земјиштето, се додава во соопштението на МЕД.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Слободен Печат значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени на сајтот.

Тагови

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close