Продолжен рокот за пријавување на новинари и на медиумски работници за вакцинација против ковид-19

СЦ Борис Трајковски / Скопје,2021 / Фото: Слободен Печат. / Драган Митрески

Рокот за пријавување за втората фаза од вакцинацијата против Ковид-19 за новинарите и медиумските работници е продолжен и трае до 23 април (петок), информираат Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ) и Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ).

– На овој повик нема ограничувања и може да се пријават сите новинари и медиумски работници кои имаат активен ангажман поврзан со некој медиум, како и слободни новинари и медиумски работници. Имунизацијата, во соработка со Министерството за здравство се очекува да биде организирана наскоро, за што пријавените навремено ќе бидат известени, како за термините, така и за локацијата, велат оттаму.

Лицата кои се пријавија на првиот повик, а кои не ги исполнија условите за првата фаза од вакцинацијата, додаваат, се ставени на списокот за вториот круг на вакцинирање.

ССНМ и ЗНМ ги замолуваат пријавените да ја проверат точноста на контакт податоците (електронска пошта) кои ги доставиле до нив и доколку увидат одредени грешки да ги известат во најкус можен рок за, како што велат, да не доаѓа до недоразбирања при известување за термините.

– Начинот на пријавување е ист како и за првата фаза и ќе оди преку редакциите кои треба да достават список на електронската пошта: [email protected] единствено со испраќање на пополнет формулар кој можете да го симнете тука. Ќе се прифаќаат пријавите кои се испратени исклучиво во овој образец во кој треба да биде означено одговорно лице за контакт од редакцијата. Рокот за поднесување на формуларот е 21 април (среда) до 24 часот, прецизираат од ССНМ и ЗНМ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот