Продажбите на мало во САД достигнале рекордна сума од 9.4 милијарди долари

Фото: Reuters

Истражувачкиот центар „Адоуб Аналитикс” објави резултати од малопродажните предбожиќни распродажби во САД на „кибер понеделник”, 2 декември. За време на вчерашниот ден продажбите на мало во земјата достигнале рекордна сума од 9.4 милијарди долари, или 19.7 отсто повеќе од лани.

Првиот работен понеделник во САД меѓу маркетолозите и ритејлерите веќе со години е познат и како „кибер понеделник”. Таквиот назив доаѓа од фактот што Американците кои се враќаат на работа по продолжениот викенд за Денот на благодарноста, порачките ги прават онлајн од своите работни места.

Онлајн продажбата во САД постои веќе трета деценија, и компаниите за продажба на мало нудат попусти не само на „црн петок” туку и за време на викендот, но и активно нудат стоки на попуст преку интернет. Продажбите на „црн петок” секоја година се намалуваат, додека продажбите во останатите денови, вклучително и онлајн, се зголемуваат.

Годинава е постигнат и нов рекорд, односно 36 отсто од интернет продажбите на „кибер понеделник” биле извршени на мобилниот интернет, со паметни телефони. Овие продажби достигнале три милијарди долари. На прво место се персоналните компјутери преку кои биле извршени 59 отсто од продажбите, а на трето се таблетите со кои Американците извршиле пет отсто од вкупните продажби за време на „кибер понеделеник”.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот