Продажбата на паметни телефони во Кина опадна за повеќе од една третина

Фото: Илустрација

Во јануари во Кина биле испратени вкупно 20,4 милиони од сите бредови на паметни телефони, што е за 36.6 отсто помалку во однос на 32.1 милиони уреди во истиот месец 2019 година.

Продажбата на паметните телефони во Кина опадна за повеќе од третина во јануари 2020 година, според денешните податоци на кинеската Влада, што покажуваат колкава штета носи епидемијата на коронавирусот на потрошувачкиот пазар.

Кина кон крајот на јануари започна да воведува ограничувања за патувања и да апелира до граѓаните да избегнуваат јавни места, непосредно пред почетокот на празнувањето на Лунарната или кинеската Нова година, сезона на празнични патувања во Кина.

Во јануари во Кина биле испратени вкупно 20,4 милиони од сите бредови на паметни телефони, што е за 36.6 отсто помалку во однос на 32.1 милиони уреди во истиот месец 2019 година, покажуваат податоците на кинеската Академија за информации и комуникациска технологија.

Аналитичарите предвидуваа голем пад на продажбата на почетокот на 2020 година, а истражувачките компании ИДЦ и Каналис претходно месецов прогнозираа дека испораката на паметните телефони во првиот квартал годинава ќе се намали за околу 40 отсто, поради епидемијата на коронавирус што го погоди пазарот и предизвика проблеми во синџирот за снабдувања.

Најмногу опадна продажбата на брендовите со оперативен систем Андроид, на 18.1 милиони единици, од 29.9 милиони продадени во јануари минатата година.

Продажбата на производите на Епл го задржа нивото на нешто повеќе од два милиони единици.

Аналитичарите истакнауваат дека и покрај тоа што Епл ги затвора продавниците во Кина, Ајфон 11, што беше пуштен во продажба кон крајот на минатата година, се уште е еден од најпродаваните телефони на кинескиот пазар.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот