Продажбата на контрацептивни апчиња „за утро по“ порасна за 122 отсто од почетокот на пандемијата

Во текот на изминатиот месец кога паровите поминаа повеќе време заедно поради изолацијата, продажбата на котрацептивни апчиња „за утро по“ порасна за 122 проценти, пренесува „Сан“.

Со новонастанатата ситуација и изолацијата паровите се поблиски, па имаат повеќе време да и посветат на интимата.

Според резултатите на онлајн аптеката „Doctor-4-u“ во текот на изминатиот месец, продажбата за контрацептивни апчиња за итни случаи забележа голем пораст од 122 отсто.

– Откако почна вонредната состојба забележавме голем пораст на продажба на апчињата за утро по односи. Ова е разбирливо бидејќи паровите поминуваат повеќе време заедно – објаснува докторката Дијана Гал.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот