Продажбата на антидепресиви во Русија нагло скокнала откако Путин ја објави мобилизацијата

буква з симбол русија z
Фото: EPA-EFE/ANATOLY MALTSEV

Продажбата на антидепресиви во руските аптеки се зголемила откако претседателот Владимир Путин на 21 септември објави делумна мобилизација на 300.000 резервисти за фронтот во Украина, јави државната агенција ТАСС.

Во неделата од 19 до 25 септември, продажбата се зголемила за 2,2 пати во споредба со истата недела минатата година, покажуваат податоците на руската маркетинг-компанија DSM Group.

Претседателката на Алијансата на фармацевтските здруженија на Русија, Викторија Пресњакова, за ТАСС изјави дека од почетокот на воените дејствија на 24 февруари, побарувачката за антидепресиви, апчиња за спиење и средства за смирување е значително зголемена во споредба со претходните години.

Според неа, тоа се должи на „геополитичката и економската ситуација”.

Пресњакова вели дека има многу пациенти на кои по првпат им биле препишани такви лекови. Меѓутоа, за да се смират, луѓето купуваат и лекови без рецепт. Во руските аптеки слободно се издаваат многу лекови за кои во други земји е потребен рецепт.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот