Продавниците во Северна Митровица остануваат под клуч, каква е реакцијата на граѓаните?
Центарот на Северна Митровица вчера бил празен. Причината за тоа е бојкот од страна на продавниците и хотелските објекти поради, како што се пренесува, „таксите кои косовската влада ги ставила за српските производи пред осум месеци“.
Граѓаните со кои разговарал српскиот медиум „N1“, а пренесува „Gazeta Express“, изјавиле дека се разочарани од создадената ситуација.
„Вчера купив три леба. До кога ќе трае, ќе видиме. Ние сме четворица, се надевам дека ќе трае само денеска и утре“.
„Квалитетот на нивната стока никогаш не би го земал. Никогаш“, вели друг граѓанин за стоките што се продаваат во јужна Митровица.
„Едноставно, нашиот производ е наш производ. На пример, на еден пријател му се разболело детето ноќе, не можел да купува бруфен за детето“.
„Принудени сме, што да правиме. Немаме избор, тука живееме. Жал ми е за децата“.
Одлуката за започнување на бојкот се оправдува со недостаток на српски производи. Во Здружението на бизнисмените од северот се надеваат на реакциите на Белград и на меѓународната заедница.