Продавниците во Индија се испразнети по новите мерки против коронавирусот

Фото: МИА

Откако индискиот премиер Нарендра Моди воведе мерка за целосна изолација во земјата, веднаш започнала навалица на продавниците и аптеките.

Во Њу Делхи и Мумбај граѓаните стравуваат од недостиг на храна, а најмногу се купува ориз, брашно, леб, бисквити, масло, објави Би Би Си.

Сопствениците на некои продавници изјавиле дека „никогаш досега не виделе таков хаос”.

Полиција патролира низ улиците на Газиабад, во индиската провинција Утар Прадеш, и преку мегафон ги известува граѓаните да останат во своите домови.

Во Индија живее околу 1,3 милијарди население. Од новиот коронавирус досега се заразени 519 лица, а еден е починат.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот