Продавници, маркети и аптеки кои ќе работат во Карпош претстојниот викенд

Општина Карпош издаде повеќе известувања за определување за работа за време на полициски час (сабота и недела), на субјекти кои се занимаваат со достава на храна и лекови на територија на Карпош. Имено, издадени се известувања на повеќе локални продавници, маркети, ресторани и аптеки кои ќе вршат достава на продукти, а претходно аплицираа на Јавниот повик на локалната самоуправа, информираат од општината.

Општина Карпош преку урбаните заедници постави известувања на влезовите од згради, на неколку маалски продавници, маркет и аптеки кои ќе вршат достава на неопходни продукти за време на викендот.

За време на викендот ќе работат и други ресторани, локали кои ќе вршат пица достава и слично, но согласно укажувањата од институциите, Општината ги објавува локалите кои можат да обезбедат неопходни продукти за секое домаќинство.

МАРКЕТИ/ПРОДАВНИЦИ

  • ВЕРОМАРКЕТ: 075-488-129 и075-499-782  (врши достава)
  • ДЕНИСФРЕШ(ОВОШЈЕ И ЗЕЛЕНЧУК): 070 – 210 – 533 (врши достава)
  • СТАРИКОМЕРЦ(КОЛОНИЈАЛ): 071 – 575 – 414 (врши достава)
  • ТАЦМАЦ(КОЛОНИЈАЛ): 070 – 357 – 577 (врши достава)
  • БАРДИТРЕЈД(реон Бардовци): 075 – 582 – 525

АПТЕКИ

  • ЗЕГИН: 078 – 214 – 892 (вршидостава)
  • ЕУРОФАРМ: 02/ 55 14 580

Градоначалникот Стефан Богоев ги повика сите граѓани да ги почитуваат мерките, да останат дома и да не ја злоупотребуваат поддршката од маркетите и аптеките.

– Седете дома! Посветете време на вашите блиски, разговарајте и споделувајте убави моменти. Овие години се оттуѓивме од непосредната комуникација. Сега, можеме да бидеме со тие кои ги сакаме, но и да се поврземе преку социјалните мрежи со нашите пријатели. Само така ќе придонесеме овој период да трае пократко. Коронавирусот ќе помине. Но, треба и целата заедница да се промени. Да станеме посовесни и поодговорни граѓани и животот да го цениме постојано, а не само кога сме во неволја, изјави Богоев во видео обраќање.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот