Продавница на ликови и „рефус“ лицемерие – Слободен печат
Ви ПрепорачувамеКолумни

Продавница на ликови и „рефус“ лицемерие

Под циркускиот шатор наречен Македонија ( Северна) се собрани сите кловнови што имагинацијата може да ги креира. Најголемиот дел од нив се тажни. Тоа се оние кои генерално дошле да си го одработат своето и да си одат дома.

Колкумина во јавноста настапуваат оригинални онакви какви што се. Оригинални. Еднаш, ме праша еден пријател дали сум свесен дека ме доживуваат како циркузант и како ‘‘шалабајзер‘‘ со своите јавни настапи. Дека зад грб ми се смејат сите тие кои ми викаат ‘‘цар си‘‘. Со онака ладнa насмевка му реков – ‘‘знам‘‘. Се зачуди као тоа ако ‘‘знам‘‘, продолжувам онаков каков ме дал Бог. Па, мојата предност е во тоа што ‘‘јас знам тие не знаат дека знам‘‘! Не се тие виновни, да беа нешто што вреди, немаше да ми се смејат зад грб. ‘‘Зад грб зборуваат тие што се зад тебе‘‘. Во спротивно би ти се смееле во лице! Ех, мој пријателе, не знаеш колку е убаво чувството кога ги гледаш оние што ти се смејат ‘‘ на ретровизор‘‘. А ти сам тивко ‘‘додавај гас‘‘ за да се закашлаат од издувните гасови на ауспухот.

Продавница на ликови

Под циркускиот шатор наречен Македонија ( Северна) се собрани сите кловнови што имагинацијата може да ги креира. Најголемиот дел од нив се тажни. Тоа се оние кои генерално дошле да си го одработат своето и да си одат дома. Тие разбрале дека тука единствено може да се биде во играта како кловн. Спремни да носат црвено топче на носот, да гледаат како публиката паѓа од смеење на секој гест кој подразбира дека треба да се трескаш од земја и да делуваш ‘‘ смотано‘‘. Нека се смејат децата. Не се тие трагикомедијата. Туку оние возрасните што се смејат на глупостите на кловнот, а многу добро знаат дека тој ист кловн после представата може да ги почести пијалок од парите што ги платиле за влезница. Затворен магичен круг на вонвременско лицемерие кое со векови функционира.

Нема по опасни ликови ( кловнови) под шаторот од оние кои наместо шарена пантолани облекле скапи костуми, наместо труба носат актовка, и цело време молчат. Тие самите се циркус за себе. Но, тоа не е хумор за под шатор. Тоа се залутани кловнови. Нивниот хумор е многу специфичен. Ако оние, смешните кловнови во своите стари полуотворени кофери носат разни ‘‘ мајмунлаци‘‘, овие во своите актовки носат еднобојни маски со ‘‘стобојни‘‘ изрази на лицето. За да го разбереш нивниот хумор, треба да го прочиташ прво нивниот реален лик без маска. Така ке знаеш која маска ја ставаат на својот лик за која потреба ‘‘во кој виц‘‘. Најсмешно ке биде кога на крај ке видиш дека тие не ја вадат маската дури и кога уморни ке заспијат. Тие самите не го сакаат сопствениот лик, затоа што знаат дека тој е само празен одсјај на рефлекторот, дека во нив нема никаква циркулација која им дава руменост, искреност, насмевка. Тоа се кловнови чија публика единствено е – огледалото. Ех, кога тоа би знаело да збори.

Е, сега, кој кого и како доживува. Вистинските кловнови имаат публика, ама скршено огледаце. Затоа и се несреќни. Нивната среќа е кога огледалото наречено публика му аплаудира.

Во општество во кое владее хронична несреќа и чемер, се чувствуваш како во продавница во која можеш да си купиш лик каков сакаш. Битно е да знаеш кој лик кога ке го носиш, по примерот на ‘‘ за секоја кошула друга вратоврска. За секоја фаца поинакви мустаки. Поинаква насмевка. Кога на крајот ке ги потрошиш сите пари и ке си изнакупуваш сите ликови ке дојдеш до едно епохално откритие, кое вели дека сите ликови кои ги купуваш и употребуваш во секојдневието се ‘‘тотално промашена инвестиција‘‘. Зошто си ги купувал кога Бог тебе те наградил со твој, единствен, оригинален и ‘‘свој‘‘ лик. Тогаш, ке се препородиш. Ке му го покажеш и на народот и на Бога твојот поглед ‘‘ очи во очи‘‘. Знаеш кој е најголемиот успех? Ти ,… ке бидеш ти! Е па, која ли маска зад грбот се смее на божјиот и немаскиран лик, пријателе?

Лицемерие на „рефус“ и однапред изгубена битка без витештво.

Ако веќе бездруго старите рекле ‘ во поле врата не можеш да ставиш ниту на народ уста да му затвориш‘‘, тогаш за потребите на гол кислород ( читај опстанок) ке мораш да разбереш дека на тоа поле и тој народ му е потребна ‘‘храна‘‘. Кој со што се храни? Е па не знаеш! Тогаш ке трчаш по полето и на тој народ ке му поставиш прашање ‘‘ што ти треба‘‘? Од лик до лик, како на една од кориците на “Pink Floyd” ке се ракуваш со безизразна фаца на која ке стои ‘‘смајли‘‘. Ти ке бидеш далеку, а ке бидеш на полето. Ке полеташ како дрон да видиш, да преброиш, да се пронајдеш каде ти е местото.

И кога ке видиш дека местото не ти е тука, а тука си, ке почнеш да уживаш во божествената комедија. Ке бидеш кловн, па потоа се што публиката бара се додека таа приметува дека си жив и дека си сеуште под шаторот. Со тоа ке им покажеш дека си жив, дека си тука,..

НО!,.. пријателе!

Под циркускиот шатор наречен Македонија ( Северна) се собрани сите кловнови што имагинацијата може да ги креира. Најголемиот дел од нив се тажни. Тоа се оние кои генерално дошле да си го одработат своето и да си одат дома.

Тие никогаш нема да разберат каде си ти, а каде се тие.
Тие никогаш нема да разберат дека ТИ си се прилагодил кон нив, а не тие кон тебе!
Тие никогаш нема да разберат зошто големите птици никогаш не летаат во јато!
Тие никогаш нема да бидат запаметени, затоа што нивниот лик е маска тие се ‘‘врапчиња‘‘!

И тогаш?!…

Ни тогаш, ни никогаш! Нема да разберат зошто кога ке си одиш дома, ке ги собуеш чевлите, ке легнеш на каучот и на лаптопот ке ја пуштиш песната “THE SHOW MUST GO ON”!... Тие немаат уво за таа музика и за такви стихови.Кога немаш СВОЈ лик, немаш ни уши, ни очи, ни јазик, … немаш ниту душа. Твојата душа е шаблон. Статистичка божја бројка. Општествен тревник по кој газат, затоа што кога немаш СВОЈ лик, немаш ни р‘бет. Ти,.. не си ти!

ПРАШАЊЕ:

А колкумина меѓу нас се ‘‘ тој е што е‘‘ …. да! Смешен е! Ама тој знае дека е смешен. А вие не знаете дека тој знае дека вие мислите дека е смешен.

ЛИЦЕМЕРИЕ?

Не! Само поглед од дронот кој ја надлетува пољаната. Од пољаната која смета дека е пољана…
Не! Тоа е ‘‘ледина‘‘,.. пољана е плоштина на која какво такво, ке се најде и едно тревче. Ова е ‘‘трње‘‘. Ова е запустена нива! Ова е дно!

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Слободен Печат значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени на сајтот.

Тагови

Еден коментар

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close