Продадени повеќе од 800.000 билети за Мундијалот во Катар

Катар ќе биде домаќин на Светското првенство во фудбал 2022 година/ фото: EPA/STR

Во првата фаза од продажбата на билети за Светското првенство во Катар, продадени се 804.186 билети. Најголем дел од нив ги купиле фанови од Катар, САД, Англија, Мексико и Обединетите Арапски Емирати, објави Светската фудбалска федерација (ФИФА).

Најголем дел од продадените билети се продадени за поединечни натпревари, а највеќе се купувале натпреварите за првиот натпревар од Светското првенство и за големото финале. Исто така навивачите купувале и блок влезници за одредени репрезњентации како и блок влезници за четири стадиони.

Навивачите што не успеаја да дојдат до билети во првата фаза од продажбата, ќе имаат уште една шанса да се пријават за следната фаза од продажбата, која започнува на 5. април во 11:00 часот по средноевропско време.

Ждрепката со која ќе бидат одредени групите на Светското првенство во Катар е закажана за петок со почеток во 18 часот. Светското првенство во Катар се одржува од 21 ноември до 18 декември.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот