Продадени два предмети во сопственост на Винстон Черчил: Имало вртоглави понуди од Велика Британија и Америка

Instagram

Папучите кои некогаш му припаѓале на поранешниот британски премиер Винстон Черчил биле продадени на аукција во Лондон за 32.000 фунти.

Станува збор за темносини кадифени папучи од 50-тите години на минатиот век. Од аукциската куќа процениле дека цената може да се движи од 10.000 до 15.000 фунти, но истата скокнала заради различните понуди од Велика Британија и Америка.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Drew Poling (@drew.poling)

На крајот, на аукцијата победи анонимен купувач од Велика Британија, изјави портпаролот на „Bellmans“. На истата аукција беше продадена и чашата за коњак на Черчил од раните 1960-ти.

Чашата била продадена за 15.000 фунти, што исто така била значително поголема од проценетата цена. И во овој случај купувачот бил од Велика Британија.

Семејството на Черчил ги продаде и двата предмети преку аукциската компанија „Soheby’s“ во јули 1998 година, кога ги купил денешниот продавач на истите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот