Продаден оригиналниот дрес на Џордан од Дрим тимот

Дресот со потписот на најдобриот кошаркар на сите времиња, Мајкл Џордан, кој го носеше додека настапуваше на Олимписките игри во Барселона 1992 година е продаден на аукција за дури 216.000 долари.

Крајот на аукцијата за дресот на Џордан од Игрите во Барселона се погоди во истиот викенд кога започна да се емитува документарниот филм „Последниот танц“ кој е посветен на шампионската генерација на Чикаго булс која предводена од Џордан во периодот од 1991 до 1998 година освои шест шампионски титули.

Аукцијата траеше две недели и сумата од 216.000 долари претставува огромна сума со оглед дека почетната цена на дресот изнесуваше 25.000 долари.

Понудената сума исто така е за четири пати поголема од претходниот пат кога истиот дрес беше на аукција, тогаш беше продаден за 53.325 долари.

Мајкл Џордан е најголема спортска икона на сите времиња. Колекционерите ја искористија ретката можност да дојдат во сопственост на дресот кој Џордан го носеше играјќи за најдобриот кошаркарски тим на сите времиња – ивјави Брајан Дваер, претседателот на аукциската куќа „Robert Edwards Auctions“, чија специјалност е продажба на скапоцени спортски предмети.

Прочитајте и...  Сензација во квалификациите, анонимусите од Данска ја совладаа Литванија, Црна Гора на победа од Евробаскет

Поврзани вести

Сензација во квалификациите, анонимусите од Данска ја совладаа Литванија, Црна Гора на победа од Евробаскет

Слободен печат

Евролига: Барселона шокирана од Асвел

Слободен печат

Највисоката зграда на светот осветлена со ликот на Марадона

Слободен печат

Манчестер јунајтед на мета на хакерите, бараат милиони за да не објават вредни документи

Слободен печат

Фудбалерите ќе ја спасат Барселона од банкрот, се согласија на намалување на платите

Слободен печат

Ракометарите на Вардар не патуваат во Париз, ќе се бара трет термин за дуелот со ПСЖ

Слободен печат

Остави Коментар

MacedonianAlbanian