Продаден е прамен од косата на Абрахам Линколн за неверојатни 81.000 американски долари!

инстаграм

Еден прамен од косата на Абрахам Линколн, заедно со крвавата телеграма за неговиот атентат во 1865 година, беше продаден на аукција за повеќе од 81.000 американски долари.

Предметите биле продадени за време на аукцијата одржана вчера, соопшти аукциската куќа РР со седиште во Бостон.

Нема откриени информации за клиентот.

Косата на поранешниот американски претседател долга пет сантиметри била отсечена за време на лекарскиот преглед по убиството, кратко откако Џон Вилкс Бут смртно го ранил Линколн во театарот Форд во Вашингтон.

Праменот му бил предаден на докторот Лиман Бичер Тод, поштарот во Кентаки и роднина на Мари Тод Линколн, вдовицата на 16-тиот претседател, според аукцијата на РР. Д-р Тод бил присутен кога било прегледано телото на Линколн.

Косата била ставена на официјална телеграма од Воениот оддел испратена до д-р Тод од неговиот помошник во поштата. Телеграмата била примена во 23 часот, 14 април во 1865 година, во Вашингтон.

Аукциската куќа ја гарантираше автентичноста на праменот и телеграмата.

Цената од 81.250 американски долари е нешто повеќе од 75.000 долари за колку аукциската куќа се надеваше дека ќе ги продаде предметите.

Телеграмата е значајна бидејќи ја поби теоријата дека тогашниот министер за војна, Едвин Стантон, планирал да го убие Линколн поради нивните лични и политички разлики.

Временскиот печат на испраќањето покажува дека воените телеграфски линии функционирале ноќта кога бил убиен Линколн.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот