Процесот на заздравување ќе трае долго – нарачките во германските фабрики под очекуваното

Германија е погодена од затворање на претпријатија, нарушување на синџирот на снабдување и глобалниот пад на побарувачката.

Иако германските власти ги олабавија ограничувањата воведени поради новиот коронавирус сепак според статистичките податоци нарачките за месец мај забележаа раст од 10.4 проценти но тој е под очекувањата на аналитичарите за 15 отсто.

„Ниското ниво на нарачки е знак дека процесот на закрепнување нема да биде завршен долго време”, се наведува во ставот на Министерството за економија. Состојбата на пазарите надвор од Европа останува сложена.

Германските политичари предупредуваат да не се придава голема важност на првите сигнали за закрепнување, а според нив целокупната активност ќе остане под нивото пред кризата со Ковид-19, уште долго време.

Германија е погодена од затворање на претпријатија, нарушување на синџирот на снабдување и глобалниот пад на побарувачката.

Производителот на авиони „Ербас” истакна дека, имаат во план бројот на вработени да го намалат за 15.000, од кои над 10.000 се вработени во Германија и Франција.

Производителот на автомобилот „Дајмлер” предупреди дека индустријата ќе мора да помине низ масовни отпуштања поради кризата со новиот коронавирус.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот