Проценки по земјотресот во Хрватска: Штетата е над 400 милиони евра, оштетени околу 9.000 објекти

30 декември 2020. Петриња, Хрватска / ФОТО: EPA-EFE/ANTONIO BAT

Причинетата штета по земјотресот во Хрватска, според последните податоци, изнесува над 400 милиони евра, а оштетени се, речиси, 9.000 објекти.

Продолжуваат санациите и им се помага на загрозените. Пожарникарите дневно вршат санации на околу 200 куќи.

Голем број на граѓани и натаму минуваат денови и ноќи на отворено на ниските температури.

Црвениот крст соопшти дека преку нивната банкарска сметка за помош досега се донирани над 4,7 милиони евра.

Се поставуваат мобилни и камп-куќички, како и контејнери, за кои сè уште постои огромна потреба.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот