Проценка на Светска банка за Западен Балкан: Економиите на С. Македонија, на Србија и на БиХ ќе претрпат најмала штета од пандемијата

светска банка
Светска банка / Фото: МИА

Државите од Западен Балкан ќе доживеат вистински пад на бруто домашниот производ (БДП) од 4,8 проценти во 2020 година поради пандемијата на коронавирусот, а најлошо се чувствуваат Црна Гора, Косово и Албанија, се вели во најновата анализа на Светска банка.

Според таа проценка, објавена денеска, Србија, БиХ и Северна Македонија ќе претрпат најмала штета.

Редовниот економски извештај на Светска банка (РЕР) ги коригираше проценките направени во април, со оглед на новиот бран на пандемијата и последиците што претходно беа невозможни да се предвидат.

Прогнозите за пад на БДП сега се полоши во просек за 1,7 проценти, но има големи разлики меѓу земјите.

За Црна Гора, негативната стапка на БДП се проценува на дури 12,4 проценти, додека за Србија и БиХ е 3, односно 3,2 проценти.

Лошите прогнози за Црна Гора донекаде ги омекнуваат проценките дека државата најбрзо ќе закрепне меѓу сите земји од Западен Балкан во 2021 година, па Светската банка предвидува стапка на раст на БДП од 6,9 проценти.

Анализите за следната година се исто така оптимистички за Албанија, која може да забележи раст на БДП од 5 проценти, додека за другите земји во регионот се предвидува стапката да се движи од 3 до 3,7 проценти.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот