Проценка на ОН: Околу 25 милиони луѓе во светот ќе останат без работа поради коронавирусот

Обединетите нации (ОН) проценуваат дека кризата со коронавирусот ќе има многу негативни последици по економијата и дека околу 25 милиони луѓе ширум светот ќе останат без работа.

Во Меѓународната организација за работа сметаат дека таа бројка би можела да биде и многу поголема. Потсеќаат дека кризата од 2008 година ја зголемила глобалната невработеност за 22 милиони лица.

Се очекува оваа рецесија да има многу поразорен ефект на економиата. Медимумите пренесуваат дека американскиот пазар на работна сила бележи рапиден раст на невработеност.

Така во САД минатата недела 3,28 милиони луѓе се пријавиле во бирото за работа, додека само две недели претходно имале рекордно ниска невработеност – во бирото биле регистрирани 211.000 лица.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот