Проценка на ЦИА: Само 26 отсто од населението на Северна Кореја имало струја во 2019 година

Струја / Фото: EPA/KCNA

Само 26 отсто од населението во Северна Кореја имало електрична енергија во 2019 година, покажува проценката на американската разузнавачка агенција (ЦИА) што е објавена денеска.

Според податоци на Агенцијата, ажурирани во делот „Светски факти”, се проценува дека пристапот до електрична енергија во урбаните делови на Северна Кореја е 36 проценти, а во руралните области само 11 проценти, соопшти јужнокорејската агенција „Јонхап“.

– Земјата е во проблеми од честите исклучувања на струја како последица на меѓународните санкции поради нејзините нуклеарни и балистички програми, оценува ЦИА.

Американската разузнавачка агенција забележала дека Северна Кореја има стагнација во пристапот до електрична енергија со децении, поточно пред 1990 година, а станува збор за земја со околу 25,8 милиони жители.

На крајот на 2016 година, годишното производство на електрична енергија изнесувало 16,57 милијарди киловат-часови, а потрошувачката достигнала 13,89 милијарди.

Северна Кореја добива 45 проценти од електричната енергија од термоелектраните и 55 проценти од хидроцентралите, наведува ЦИА.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот