Прочуениот Џејмс Бонд ќе стане татко: Даниел Крејг со нова улога!

Даниел Крејг кој го игра ликот на Џејмс Бонд, во продолжението на ова остварување ќе стане татко.

Актерот во новата улога ќе дознае дека ја има 5-годишната ќерка Матилда, која ја добил со Медлин Свон.

профимедиа

Како што Бонд често сака да се опушти со чаша виски и вози скапи автомобили, во продолжението „No Time To Die“ тој одлучува дека сепак е време да се скраси. Така Крејг освен досегашната титула на заводник ќе има и нова – татко.

„Да, вистина е. Бонд е татко. Тоа е единствената работа која обожавателите на франшизата никогаш не би ја очекувале“, рекол извор за странските медиуми и додал дека сега се отвара нова страна.

профимедиа

„Бонд секогаш со својот шарм успеваше да ги освои срцата на многубројни убавици, без последици. Тоа што Џејмс станува татко отвара нов свет на драма и развива нова приказна. Кога Бонд дознава дека има дете тоа е главниот дел на сценариото. Шокантно е и преполно со пресврти“, објаснува инсајдерот. Актерите биле воодушевени од ова сценарио.

Иако ќе станува збор за неговиот љубовен живот и улогата на татко, филмот ќе има и други изненадување пропратени со ситуацијата на коронавирусот. Така Џејмс ќе се бори против пандемијата.

„Не е баш Ковид19, но е слично на тоа“, вели изворот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот