Проблемите на Балканот во фокусот на Европското првенство – УЕФА со полни раце работа

Фото: EPA-EFE/ANNA SZILAGYI

Балканските репрезентации и отвораат на УЕФА многу работи на претстојното Европско првенство и во овој период се во фокусот на вниманието.

Скоро и да немаше натпревар на некоја балканска репрезентација кој не донесе работа за УЕФА. Од „Убиј го Србинот“, до „Косово е Србија“, па пцовки и за Македонците, иако ние не играме на Европското првенство.

Од почетокот на првенството балканските репрезентации испратиле ѓест жалби до УЕФА за однесувањето на друга балканска земја.

Србија двапати се жалеше од Албанија, исто толку Косово од Србија. Еднаш нашиот северен сосед се пожали и за однесувањето на Хрватите, додека ние испративме жалба за пцовките на Мирлинд Даку.

До овој момент казнети се Албанците и Србите, меѓутоа со оглед дека зад сите ситуации стои политичка веројатно ќе има уште казни.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот