ПРОБЛЕМИ ЗА ТРАМП: Во разговорот со Зеленски ја критикувал Ангела Меркел

Објавениот телефонски разговор меѓу претседателот на САД, Доналд Трамп и Володимир Зеленски, предизвика бура на реакции во јавноста, а сега допрва се очекува реакција од лидерите од ЕУ, бидејќи во дел од објавениот разговор, Трамп остро ја критикува германската канцеларка Ангела Меркел.

„Германија не прави ништо за вас … Кога разговарав со Ангела Меркел таа зборува за Украина, но таа не прави ништо …“, рекол Трамп, на што Зеленски одговорил дека се согласува со него „100 проценти“.

Зеленски рекол дека имал состаноци и со Меркел и со францускиот колега Емануел Макрон.

„Тие не воведуваат санкции за (Русија). Тие не прават толку колку што треба за Украина“, рекол Зеленски.

Јулскиот разговор на двајцата лидери предизвика политичка криза во САД, бидејќи се чини дека Трамп ја уценува Украина барајќи од неа услуга, а истовремено ѝ ја укинал воената помош што требало да ја добие.

Во разговорот, Трамп го повикува Зеленски да соработува во истрагата за бизнисот на Хантер Бајден, син на Џо Бајден, со локална компанија за гас.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот