Проблеми за „Старата дама“: Дибала го нападна директорот на Јувентус!

EPA-EFE/ALESSANDRO DI MARCO

Во рамките од четвртото коло во најсилното италијанско првенство „Старата дама“ не ја оправда фаворитската улога кај Кротоне (1:1) и повторно ги разорача своите навивачи.

Шампионот во Серија А дефинитивно е немоќен кога во составот не играат првата ѕвезда Кристијано Роналдо (кој се опоравува од ковид-19), како и Пауло Дибала, Аргентинецот беше меѓу резервите на вчерашниот дуел, но не доби шанса за настап од тренерот Пирло.

Токму напаѓачот на Јувентус, Дибала после ремито вербално го нападна директорот на клубот Фабио Паратичи според „Тутоспорт”. Аргентинскиот интернационалец не е задоволен, бидејќи не доби шанса за настап и од клупата го гледаше натпреварот.

Јувентус не може да победи без Роналдо и Дибала (ВИДЕО)

На пресот Пирло рече дека не го пуштил Дибала да игра затоа што тренирал со тимот само 10 минути и овој меч не бил погоден за тој да се појави на теренот.

Не играше на последните два меча на Аргентина, бидејќи страдал од гастроентеритис. Досега нема одиграно ниту една минута во сезоната, откако пред тоа имаше повреда на бутот. Дибала требаше да биде стартер против Наполи, но натпреварот не се одигра. Најверојатно ќе учествува на дуелот против Динамо Киев во Лигата на шампионите.

Покрај инцидентот со Паратичи, играчот стави „лајк“, односно му се допадна објава на еден италијански новинар кој го критикуваше Пирло за неговата одлука да не настапи против Кротоне.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот